Жените на оваа возраст имаат најсилен сексуален нагон: Подготвени се и за секс без обврски

Фото: pexels-cottonbro

Во доцните триесетти и во раните четириесетти, жените често откриваат нова страна на сопствената сексуалност, а на многумина омилената активност им станува токму забавата во кревет.

Експертите ја објаснуваат оваа појава со отчукувањето на биолошкиот часовник и желбата да се „искористат преостанатите години за создавање потомство“. Лаички кажано, како што жените стареат, тие повеќе водат љубов, и тоа многу повеќе.

Студијата објавена во списанието „Personality and Individual Differences“ опфатила 827 жени поделени во три групи: висока плодност (од 18 до 26 години), ниска плодност (27 до 45 години) и менопауза (46 години и постари).

Врз основа на одговорите на учесниците во онлајн анкетата, истражувачите откриле дека жените на возраст од 27 до 45 години (оние во категоријата со ниска плодност) имаат „зголемен сексуален нагон како одговор на опаѓањето на плодноста“ и имаат „чести сексуални фантазии и активен сексуален живот, па спремни се за повремен секс без обврски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот