Жените доминираат во номинациите за Греми-наградите 2020 година!

Фотографија: Instagram

Две години откако претседателот на Греми, Ниал Портноу изјави дека жените мора да се „подигнат на ново ниво“ доколку сакаат да бидат признаени, токму жените доминираат на номинациите за Греми 2020 година.

Пет од осум албуми во категоријата за албум на годината се женски уметници, а помеѓу фаворитите се Аријана Гранде и Лана Дел Реј. Били Ајлиш и Лизо номинирани се во сите 4 „големи категории“- најдобар нов уметник, најдобра песна, најдобра снимка и најдобар албум.

Еве некој од песните кои се номинирани за „Песна на годината“:

„Always Remember Us This Way“ – Лејди Гага

„Bad Guy“ – Били Ајлиш

„Bring My Flowers Now“ – Тања Такер

„Hard Place“ – H.E.R

„Lover“ – Тејлор Свифт

„Norman Rockwell“ – Лана Дел Реј

„Someone You Loved“ – Луис Капалди

„Truth Hurts“ – Лизо

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 26 јануари 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот