Жени суперхероини: Јована Трајковска, ѝ пречи променетиот ритам, за добро тело потребен е добар сон, а иако готви малку од тоа дегустира!

Кој рече дека ќе се здебелиме за време на коронакризата? Овие жени кога ќе излезат од четирите ѕида ќе бидат уште позгодни.

Македонската убавица и трендсетерка Јована Трајковска вели дека и претходно била навикната  дел од денот да го поминува дома и тогаш одлично се справува со храната, па така е и сега, за време на полицискиот час.

– Иако доста се имам посветено на готвењето каде што најголем дел заземаат брзата храна, белите печива и вкусните слатки, меѓутоа од сè тоа земам минимален дел, а се трудам моите потреби да ги задоволам со здрава храна, салати, смути, чаеви и многу овошје и зеленчук.

фото фејсбук
Најмногу ѝ пречи тоа што има доста време, а сепак не може да го поминува онаму каде што се чувствува најубаво, во теретана.
– Ми пречи и тоа што целосно ми е променет ритамот на животот. Јас сум „ноќна птица”, но за добро тело, потребен е и добар сон, а сега тоа целосно ми недостига, затоа што се одвива по поинаков тек, вели Јована. 
Не очекуваа да излезе послаба, затоа што како што вели сега сè се движи во друга насока, но сигурна е дека од домашната изолација ќе излезе иста како претходно, бидејќи се труди најмногу  што може да се придржува до границите од претходните навики.
Јована постојано вежба во домашни улови, и гледа колку што може на некој начин да ја потроши енергијата, прави кардио вежби, пушта гласна музика со брз ритам и танцува без престан околу час и пол.
– Пред неколку дена во времето кога можам да излегувам започнав да трчам во природа, тоа доста ме смирува и на некој начин ми надополнува за теретаната, ни рече оваа убавица. 
Видео на денот