Жени суперхероини: Цеце Георгиев, дома има мини фитнес сала и активно вежба, а тука е и активноста околу детенцето

Кој рече дека ќе се здебелиме за време на коронакризата? Овие жени кога ќе излезат од четирите ѕида ќе бидат уште позгодни.

Темата за суперзгодните жени хероини ја продолжуваме со моделката Цеце Георгиев.

Еве како таа се грижи за својата топ форма во деновите на изолација.

– Здрават исхрана ми е исклучително важна без разлика дали се работи за нормален начин или „карантински“ начин на живот. Малото невнимание со разни деликатеси, веднаш резултира со некое килограмче плус. Никогаш во животот не сум применувала диети, секогаш здраво се хранам, почесто, но во помала количина во текот на денот…ѝ благодарам и на генетиката. Јадам сезонски салати, зеленчук, овошје, месо, а понекогаш знам да се почастам со одлична италијанска паста, па и со десерт, – вели Цеце.

Таа е физички доста активна. Пред да започне „карантинот“, секојдневно имала часови по јавање.

Со неа постојано е и малото детенце кое е многу активно.

– Будно ја следам во секој чекор, бидејќи не оди во градинка…, – додава поранешната моделка, а денес посветена мајка.

Според Цеце, секој може да одвои дваесетина минути од своето време и да направи неколку стомачни вежби, да врти хулахоп, да поскока со јаже, да повежба пилатес…

За среќа, вели, таа има дома мини фитнес сала и сауна каде неколку пати неделно вежба и се релаксира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот