Жената со најтемниот тен на светот: Црното е прекрасно, црното е одважно, црното е злато (ФОТО)

Instagram

– Јужен Судан, земјата во која луѓето имаат толку темна кожа, што нема да им верувате на сопствените очи. Толку богата кожа и толку бели заби. Пред некој ден возачот ми рече: „Немој да се навредиш, ама некој да ти даде 10.000 долари, дали би ја избелила својата кожа?“ Не можев да зборувам од што многу се смеев. Реков дека секако дека нема, зошто некогаш би го избелила тој прекрасен меланин со кој Бог ме благослови. Не би поверувале какви сè прашања добивам и како ме гледаат поради мојата кожа – вели 24-годишната модна икона, Нјаким Гатвеч.

Манекенката има полни раце работа за да ги урне бариерите на разноликоста, ширејќи позитивности за убавината.

„Убавината е во очите на набљудувачот. Мојата чоколада е елегантна. Како и она што го претставувам. Претставувам нација на воини. Можете тоа да го видите на мене. МаМа Африка. Моите корени стигнуваат длабоко“, напиша Нјаким на една од своите фотографии на Инстаграм.

„Црното е прекрасно, црното е одважно, црното е злато. Не му допуштајте на американскиот стандард да ја уништи вашата африканска душа“, додала.

„Мојот нов прекар е Кралица на црнилото и го обожавам. Засакајте се себеси и цел свет ќе ве засака“, додава Нјаки.

View this post on Instagram

??‍♀️

A post shared by Nyakim Gatwech (@queennyakimofficial) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот