Жената која го преживеа Аушвиц добива по 200 закани дневно

Фото: Принтскрин/Rai

Жената која го преживеа озлогласениот нацистички логор Аушвиц сега е под полициска заштита, откако почна да добива речиси 200 закани дневно, пренесе српски „Телеграф“.

Лилијана Серге (89), која имала само 13 години кога била депортирана во Аушвиц е доживотна сенаторка која го предводеше создавањето на италијанскиот одбор во парламентот против омраза, расизам и антисемитизам, пишува Си-Ен-Ен.

Неодапна преку социјалните мрежи започнала да прима околу 200 закани или агресивни вербални напади дневно, соопштија од центарот CDEC со седиште во Милано, Италија.

– Секогаш кога угледни Евреи ќе дојдат во центарот на вниманието на медиумите во Италија, тие подлежат на антисемитистички напади на социјалните мрежи – рече Стефано Гати од CDEC.

Лилијана Серге сега добива заштеита од двајца полицајци откако крајните десничари, членови на партијата Форца Нока, во вторникот во Милано поставија транспарент каде гостуваше Серге на еден настан.

Лилијана Серге е една од 25-те деца помлади од 14 години која преживеа депортација во озлогласениот нацистички логор Аушвиц. Подоцна таа е префрлена во Малчов, каде е ослободена на 1 мај 1945 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот