Жена загина во пожар во куќа во Стар Дојран

пожарникари скопје треска (12)
Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Денеска околу 7 часот во пожар кој избувнал во куќа во Стар Дојран и зафатил еден спрат и покривот, загинала жена.

Настанот го потврдија од СВР Струмица, каде пожарот бил пријавен во 07:20 часот.

-Пожарот избувнал во куќа на улицата „Маршал Тито” во Стар Дојран. Бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице, соопштија од СВР Струмица.

Според информациите од Доброволното против пожарно друштво од Дојран, пожарот бил голем и се заканувал да ги зафати околните куќи и блиската борова шума.

-Веднаш по добивањето на известувањето дека има пожар се упативме со две наши возила и две од против пожарната единица од Гевгелија. Пожарот беше силен и веднаш пристапивме кон гаснење.Колку тој беше силен зборува и податокот што дури пет пати ги полневме возилата со вода и некаде околу 11 часот успеавме да го изгаснаме, информираше Злате Талески, командир на Доброволното против пожарно друштво од Дојран.

На местото на пожарот бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на жената е дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот