ТРАГЕДИЈА: Жена во кумановска болница живее во СТРАШНА АГОНИЈА (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Во кумановска болница 43-годишната Илинка Арсовска од село Пелинце ја доживува најтешката агонија во својот живот, информира Досие.мк.

Според овие информации жената во болница лежи со отворени рани, ја лазат муви и нема кој да ја нахрани. Агонијата на оваа жена траела веќе три месеци, откако на на 26 март добила мозочен удар од притисок над 200, за да биде однесена во болница каде ја направиле операција.

Од главата и е изваден хематом како последица од ударот. Но поради масивниот удар, Илинка останала парализирана на десната страна на телото, а притисокот и понатаму и е висок.

На кичмата од долгото лежење има и отворена рана, декубит кој не е соодветно третиран и таа лежи врз него, обидувајќи се да се тргне настрана поради силните болки!

По препорака на Клиниката во Скопје, жената наместо да се препрати на соодветна нега во болницата Козле или соодветна институција, во отпусното писмо пишува дека ќе се обезбеди превоз и ќе се смести во кумановската болница.

Таму наместо на интензивна нега е во обична соба. Собата е без клима, со нечиста постела, полна со муви, а жената е сама оти нема ни кој да се грижи за неа, туку само повремено ја посетувал по некој добронамерен човек што ја познава за да и подаде јадење.

Од порталот пренесуваат дека сопругот на Илинка е со хендикеп и дека имаат три сина, од кои едниот со церебрална парализа. Семејството живее во сиромаштија и трошна куќа. Додека можела, Илинка работела, но сега нема кој да и помогне. Жената плаче, зборува неразбирливо и тажи од болките.

Видеото погледнете го тука. 

По објавата на видеото, директорката на болницата во Куманово, Снежана Захариева испрати писмо-демант до порталот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот