Жена во Британија 15 години ја криела смртта на својот татко, земала 740.000 фунти пензија

Фото: Профимедиа

Британката Етел МекГил (68) им украла на девизните обврзници 740.000 фунти (повеќе од 900.000 долари), убедувајќи ги властите дека нејзиниот починат татко е жив, објави Би Би Си.

Таа глумела деменција и инвалидност, со што направила една од најголемите измами во британското казнено законодавство. Етел по смртта на татко ѝ продолжила да ја прима неговата воена пензија и другите привилегии. Нејзиниот татко Роберт Денисон починал во 2004 година, а неговата смрт Етел успешно ја прикривала цели 15 години.

Нејзината измама ја открил Одделот за труд и пензии, кои ја снимиле како се движи без инвалидска количка. МекГил дури ја наговорила својата пријателка да учествува во измамата, глумејќи го нејзиниот починат татко при посетата на претставници од Одделот.

Таа вчера е прогласена за виновна од Кралскиот суд во Ливерпул по 14 точки од обвинението, кое вклучува измама, заговор и останато. Ја признала измамата по сите точки од обвинението и добила казна помалку од шест години затвор.

– Ова е најголем случај на измама во корист на едно лице, кој сум го водел досега – изјави Стефан Пендер од кралското Обвинителство, додавајќи дека на даночните обврзници ќе им се вратат парите според Законот за приход од криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот