Жена уапсена на солунскиот аеродром поради трговија со органи

Цариниците на солунскиот аеродром „Македонија“ во багажот на патничка, која од Москва пристигнала во Солун, пронашле стерилизирани човечки клетки што се користат за кератопластика, односно за трансплантација на рожницата на окото, јави дописничката на МИА од Атина.

Специјално спакуваните клетките ги немале потребните потврди како што е предвидено од Националната организација за трансплантација и затоа биле запленети како предмет на нелегална трговија.

Патничката била уапсена, а тврдела дека како туристички водич требала да преземе странци од Солун и да ги однесе на островот Крф и дека знаела оти пренесува лекови, што требала да ги достави до вработен во туристичка агенција.

Случајот го презел надлежен јавен обвинител. Независната управа за јавни приходи на Грција соопшти дека станува збор за важен успех во борбата против нелегалната трговија со човечки органи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот