Жена стара 102 години осомничена за убиство – Слободен печат
ВестиПланета

Жена стара 102 години осомничена за убиство

BBC: Додека ја изнесувале од домот, му рекла на еден од старателите дека убила некого.

Жена стара 102 години е осомничена дека ја убила 92-годишната соседта во старскиот дом во населбата Шеза на Марна на северот од Франција.

Додека ја изнесувале од домот, му рекла на еден од старателите дека убила некого, наведува обвинителот.

Убиената жена во креветот ја пронашол старател, пренесуваат агенциите.

Постарата госпоѓа која е осомничена за убиство била во соседната соба вознемирена и збунета.
Во извештајот стои дека причлина за смртта се „удари во глава и гушење“.

Старицата е подвргната на психијатриски прегледи за да се утврди дали воопшто може кривично да одговара за своите постапки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close