Жена со попреченост „продадена“ за сексуални услуги во Струмица, уапсени се сестрата и таткото

Фото: илустрација/архива на Слободен печат

Денеска (02.06.2022) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, а во содејство со СВР Струмица, ОСПО при МВР и СВР Скопје, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со луѓе”, извршено од страна на шест лица, и тоа Б.Д.(55), М.Г.(69), И.Р.(50), К.И.(51) од Струмица и В.Д.(67) од Радовиш, по член 418-а став 3 од Кривичниот законик, а С.А.(48) од Струмица, по член 418-а став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Од полицијата велат дека сите се уапсени и против нив е поднесена кривична пријава, изнесени се пред Судија на претходна постапка и за сите е побарано определување на мерка притвор.

„Б.Д., заедно со М.Г., В.Д. и С.А., во периодот од декември 2021 до 11.04.2022 година, го сториле кривичното дело на тој начин што В.Д. и С.А., како родител односно сестра на жртвата, извршиле продажба на 45-годишно женско лице кое имало здравствени проблеми, додека Б.Д. и М.Г., по претходен договор со В.Д., ја прифатиле жртвата во нивните домови и за определен паричен надомест на И.Р. и К.И. им овозможиле користење на сексуални услуги со лицето, стекнувајќи се со противправна имотна корист. На 10.04.2022, В.Д., за одреден паричен надомест, договорила и овозможила склучување на брак помеѓу нејзината ќерка со И.Р.

Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 02.06.2022 на подрачјето на Струмица извршен е претрес во дом и други простории кај пријавените, при што шесте лица се лишени од слобода и е обезбеден доказен материјал за стореното кривично дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот