Жена се породи под мост во Прилеп

Амбулантно возило / Фото: Профимедиа

Жена сама се породила под мостот на улицата „Димо Наредникот“ во градот, каде што живеела. Од речното корито нејзе и нејзиното бебе ги извадила екипа на противпожарната служба, пренесува Маркукуле.

Согласно пишувањата на очевидците на социјалните мрежи, жената била од ромска националност. Таа подолго време живеела токму пред мостот, а често и помагале жителите од околните згради.

Според сведоците, жената и бебето биле однесени со возило на брзата помош, апелирајќи до надлежните да не се повторуваат вакви настани.

На местото на настанот биле присутни екипи на брзата помош и пожарникари кои интервенирале да ги извлечат жената и детето од речното корито.

-Од општината ќе има акција по повод настанот, но се уште не е дефинирано што конкретно ќе се преземе. Ќе информираме дополнително кога ќе ги имаме деталите –велат од кабинетот на градоначалникот Борче Јовчески за ,,Фокус” околу тоа дали дали општината ќе обезбеди сместување за неа и за новороденчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот