Жена роди близнаци на 68 години, а нејзиниот сопруг има 77: Никогаш досега немале деца!

Жена (68) од Лагос роди здрави близнаци, што е прв таков случај во Нигерија, ја пренесуваат светските медиуми ширум светот приказната за пар кој никогаш не се откажал од желбата да има деца.

Маргара Аденуга роди близначиња, машко и женско дете со царски рез во 37. недела, а ова е и нејзина прва бременост, соопштуват функционери од Универзитетската болница во Лагос.

Според зборовите на докторот Ваис Адехемо, Марагарет останала трудна благодарение на вонтелесно оплодување, поради што, таа и нејзиниот сопруг Ноа, сега се пресреќни.

– Маргарет и Ноа, стар 77 години, никогаш не се откажаа, и покрај бројните обиди, тие ја постигнаа својата цел – вели Адехемо.

Како што потсетуваат медиумите, една од најстарите жени која родила дете за првпат е од Индија, која минатата година на 73 години доби близнаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот