Жена повредена во Капиштец, возачот избегал

Фото: Илустрација

Во незгодата, Е.Р. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Скопјанка на возраст од 80 години е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера на излез од подземниот паркинг на трговскиот центар Капиштец и сервисната улица која ги поврзува улиците „Народен фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Скопје.

Возило удрило во пешакот Е.Р.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. Во незгодата, Е.Р. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот