Жена починала на гости

Педесет и петгодишна жена од селото Јанкоец била пронајдена почината во куќа на пријатели од истото село.

Според изјавите на присутните во куќата, таа пред два дена вечерта со сопругот отишла на гости. Околу 22.30 часот на жената и е слошило, по што легнала и најверојатно во текот на ноќта починала.

Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот