Жена по МИРИС открила дека нејзиниот маж не е добро – Наскоро откриле дека е болен (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Џој во средно училиште имала приметено дека има изразено чувство на мирис, но не ни сонувала дека заради тоа ќе му го спаси животот на својот сопруг. Таа се почесто го приметувала неговиот непријатен мирис и упорно му кажувала дека нешто со него не е во ред.

Шест години покасно, Лес е дијагностифициран со Паркинсонова болест и брачниот пар почнал да оди на групни состаноци за поддршка на луѓе кои се борат со оваа болест.

Џој набргу сфатила дека на овие состаноци го чувствува истиот мирис што го забележала на својот маж.

Секаде околу себе осеќав непријатно смрдење, цела просторија оддаваше еден специфичен мирис кој беше неподнослив – изјавила Џој.

Бидејќи истражувачите кои се занимаваат со истражување на Паркинсонова болест не биле сигурни во тврдењата на оваа жена, извеле серија на тестови каде го проверувале нејзиното чувство на мирис, но Џој на секој тест поминала совршено. На пример и давале маици од болни лица и здрави, за по мирис да ги двои на два купа, што го правела без грешка.

Научниците сега веруваат дека Паркинсоновата болест предизвикува суптилни промени во природните масла кои се наоѓаат во нашата кожа, па оттаму и необичниот мирис кој Џој го осеќала.

Благодарејќи на тоа, можна е рана дијагноза на оваа хронична болест. Паркинсоновата болест е болест на пореметување на движењата заради смалување на лачењето на допаминот, поради што заболените имаат симптоми на тресење и вкочанетост на мускулите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот