Жена паднала од тераса во центарот на Скопје

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вчера околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар на ул. „Димитрија Чуповски” во Скопје било забележано повредено женско лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за Т.С. (34) од Скопје, која според исказите на семејството имала здравствени проблеми и најверојатно паднала од тераса.

Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот