Жена од Србија има 60 години и е вистински херој: Оваа „нинџа“ е мојата мајка и работи по 12 часа дневно! (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Борбата со коронавирусот станува потешка и потешка, а како и ширум светот, така и во соседна Србија бројот на заболени станува се поголем.

Медицинските работници се во прв ред од оваа битка, а колку е тоа важно и колку токму тие работници се решени да му застанат на патот на вирусот, ни покажа и Дејан Дериќ, момче од Белград, чија мајка, Драгана, иако и сама влегува во ризичната група по годините, а и поради тоа што е хронично болна, се наоѓа помеѓу оние кои секојдневно минуваат по 12 часа со пациентите чие здравје е загрозено.

Тој на Фејсбук стави слика од својата мајка и нејзините колеги, а под фотографијата која кажува повеќе од зборови, упати силна порака до сите:

„Оваа нинџа скроз десно е мојата мајка, има 60 години, а иако се однесува како да е 30 таа влегува во ризичната група, не само поради годините, туку бидејќи е и хронично болна. Меѓутоа, таа и натаму ја почитува Хипократовата заклетва и работи смена од 12 часа за да им помогне на другите. Таа не е единствена. Сите кои се наоѓаат таму се на чекор од зараза и можноста и сами да ги остават своите семејства засекогаш. Сето ова ќе помине, но и по ова, ќе ни требаат сите тие луѓе, како во своите професии, така и во нашите семејства и животи. Сите тие луѓе се нечии мајки, татковци, синови и ќерки. Бидете разумни, солидарни, бидете луѓе, останете дома“, гласи статусот на Дејан.

Ovaj nindža skroz desno je moja mama, ona ima 60 godina, i ako se ponaša kao da ima 30, ona je rizična grupa, ne samo…

Publiée par Dejan Djeric sur Mardi 31 mars 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот