Жена од Словенија исчезнала на хрватскиот остров Млет: Награда од 10 илјади евра за тој што ќе ја најде

Фото: Принтскрин

На Фејсбук е објавен статус преку кој се бара исчезната жена од Словенија, Алмна Новљан, која последен пат била видена на 26 јуни на хрватскиот остров Млет, каде се наоѓала на одмор со својот сопруг.

Дента исчезнала, таа носела црна кошула со натпис ,,Биг Бен Лондон”, бели шорцеви и сандали.

Таа била пријавена како исчезната од страна на нејзиниот сопруг со кого престојувала во кампот во Ловиште на Пелешец, каде што последен пат била забележана.

?➡ TRAŽIM MAJKU ⬅?? Nagrada 10.000,00 EUR ?Za informaciju lokalnoj POLICIJI ili na broj 112, koja će dovesti do…

Publiée par Tražimo Almo sur Lundi 15 juillet 2019

Нејзиното семејство на Фејсбук објави дека нудат 10 илјади евра награда за информациите коишто би помогнале таа да се пронајде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот