Жена од САД починала од коронавирус за време на авионски лет
Претставник на округот Далас изјави дека жена од Далас починала од инфекција со коронавирус за време на авионски лет во јули, пренесува Си-Ен-Ен.
Смртта на жената била меѓу 554-те потврдени нови случаи „Ковид-19“, пријавени од округот Далас во неделата. Повеќе од 8,2 милиони случаи се пријавени на национално ниво заклучно со вторникот попладне, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс, а повеќе од 220 000 починале.
„Оваа жена имаше околу триесет години и имаше други болести од висок ризик“, додаде тој.
„Неименувана жена почина кон крајот на јули на аеродромот во Њу Мексико“, изјави судијата Клеј Џенкинс за Си-Ен-Ен.
Дополнителни информации за нејзиниот идентитет и здравствената состојба не се достапни во овој момент поради приватноста на медицинските податоци.