Жена од Мали очекувала седум, родила девет здрави бебиња

facebook
принтскрин

Една жена по потекло од Мали, родила девет бебиња во болница во Мароко, пренесува „The Guardian“.

Според ултразвукот направен во Мароко и Мали, на 25-годишната Халима Сисе ѝ било потврдено дека носи седум бебиња.

Бременоста на Сисе ја воодушеви западноафриканската нација и го привлече вниманието на властите. Кога лекарите во март инсистирале дека на жената ѝ е потребна специјалистичка нега, имајќи ја предвид специфичната бременост, лидерот на земјата Бах Ндау наредил жената да биде испратена во Мароко.

Сепак, откако започнала процедурата за царски рез, лекарите доживеале уште поголем шок кога откриле уште две бебиња.

Халима со помош на тимот лекари специјалисти родила пет девојчиња и четири момчиња – сите во добра здравствена состојба.

Мајката и бебињата засега се чувствуваат добро“, изјави министерката за здравство на Мали, Фанта Сиби, која била информирана за состојбата на младата мајка лично од лекарот кој кој ја придружувал родилката во Мароко.

Лекарите биле загрижени за здравјето на Сисе, како и за шансите за преживување на нејзините бебиња. Медицинските компликации при повеќекратно раѓање честопати се фатални за некои од бебињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот