Жена од Кавадарци три години му давала пари на измамник, ѝ ветил камата од милион долари

евра
Евра / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

40-годишна жена од Кавадарци била жртва на измамник цели три години, откако тој ја убедил да му дава пари кои наводно ги вложувал во странска банка, за да добие камата од милион долари.

„На 28.07.2022 во Полициската станица Кавадарци, 40-годишна жена од Кавадарци пријави дека во периодот од 2019 до 2022 година од едно лице била доведена во заблуда дека за вложени пари во странска банка ќе добие голема камата и награда од 1 милион долари. Според пријавеното, таа му дала пари на рака, а потоа и уплатила пари на сметка на банката“, велат од полицијата.

Како што е пријавено, во мај 2022 жената си ги побарала парите преку електронска адреса на која контактирала со банката, но трансферот на пари, кои требало да ѝ ги вратат, не бил реализиран. Се работи на расчистување на случајот.

Видео на денот