Жена на рибар се УДАВИЛА во сопствената куќа: Со часови чекале ПОМОШ, само главите им биле над вода (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Рибарот Хауард Армстронг бил приморан беспомошно да гледа како сопругата се дави во нивната куќа на Бахамите после разорниот ураган Доријан.

„Водата растеше неверојатно брзо, ни дојде до врата, се правевме како што треба, а потоа водата почна да влегува во куќата и сите апарати одеднаш пливаа околу нас“, изјавил Армстронг.

Неговата жена Лин стоела на кујнскиот ормар, на единственото место каде нејзината глава допирала до плафонот.

Според неговите зборови, само главите им биле над вода. Армстронг и неговата сопруга со часови чекале помош, а потоа Лин паднала во состојба на хипотермија и потонала под вода.

„Исчезна брзо, не можев ништо да направам за да ја спасам“, раскажал неутешниот Хауард.

Тој вели дека тогаш испливал пред куќата до чамецот кој бил врзан во близина.

„Видов дека чамецот се уште е пред куќата па отпливав до него“, рекол Армстронг.

Овој рибар во Фрипорт живее веќе 58 години и како што тврди, преживеал многу урагани, но никогаш не видел ваква поплава.

Потсетуваме, во налет на ураганот Дојран загинаа најмалку седум луѓе, но се стравува дека таа бројка е многу поголема. Откако ги уништи Бахамите, Доријан се намали и тргна накај Флорида, каде веќе донесе силни дождови и поплави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот