Жена на неделата: Ивана Костовска, архитект 

Ивана Костовска е една од архитектите кои придонесоа за новото убаво лице на Зоолошката градина во Скопје. Идејниот проект за новото живеалиште на фламингата, кое неодамна беше отворено за јавноста, е дело на Ивана, која се инспирирала од природното опкружување на самиот вид животни, употребувајќи природни материјали, камен и дрво, а базенот е опкружен со многу зеленило. Станува збор за едно од најубавите живеалишта за овие егзотични птици во Југоисточна Европа. Веднаш до живеалиштето на фламингата е сместено живеалиштето на пингвините, кое ќе биде отворено во текот на летото, а исто така е дело на оваа архитектка.

А, бидејќи архитектите се често во позадината на убавите приказни, еве, извикуваме гласно – браво Ивана!

Фото фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот