Жена на американски дипломат прегазила британски тинејџер, па побегнала од земјата (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Сопругата на американски дипломат против која се води кривична истрага поради сообраќајна несреќа во која починал 19-годишниот британски тинејџер Хери Дан е Ен Сакулас ја напуштила Англија, објавија денеска британските медиуми.

Сакулас возела 360 метри на погрешната страна на паот во близина на база во која нејзиниот маж работел во Кројтон, пред да направи судар со тинејџер кој возел мотоцикл на правилната страна од патот.

Иако на британските власти им ветувала дека нема да ја напушти земјата, Сакулас сепк побегнала во САД повикувајќи се на дипломатскиот пасош.

Медиумите на островот пишуваат дека ова не е прв сообраќаен прекршок во кој таа учествувала.

Во својата татковина, таа била казнета со 200 долари поради прекршоци за кои се казнуваат несовесни возачи, како што се телефонирање при возење или претекнување преку полна линија.

Сакулас е мајка на три деца, а моментално не е познато дали децата заминале со неа во САД или останале со таткото во Велика Британија. Семејството на убиеното момче барало да разговара со Ен Сакулас.

– Ако треба, ќе отидеме во Вашингтон. Сака сакаме да седнеме и да разговараме со неа. Не разбирам како може само да се качи во авион и да остави се зад себе, а притоа ниту да не разговара со нас или да ни упати барем извинување – вели Шарлот Чарлс, мајка на Хери Дан.

Случајот стигнува до Трамп?

Британскиот премиер Борис Џонсон ветил дека ќе го контактира американскиот претседател Доналд Трамп, во случај САД да не и го одземе дипломатскиот имунитет на Сакулас.

Џонсон ветил дека ќе го контактира и американскиот амбасадор во Велика Британија и додал дека се надева дека „тоа прашање ќе биде решено“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот