Жена на 51-годишна возраст ќе роди бебе наместо нејзината неплодна ќерка: Сето ова го правам за љубов! (ФОТО)

Бреана (29) и нејзиниот сопруг Арон Локвуд (28) со години се обидуваат да станат родители. Парот се венчал во 2016 година, а врската им одолеала на сите предизвици.

Бреана секогаш знаела дека сака да стане мајка. Тие се надевале дека ќе патуваат во текот на првата година од нивниот брак пред да започнат семејство. Овие планови биле ставени во мирување кога на дедото на Бреана му се слошило затоа што толку многу сакала тој да се сретне со неговиот правнук пред да почине.

Тие се обиделе да имаат бебе природно, но, по една година без успех, тие одлучиле да закажат состанок со д-р Брајан Каплано на клиниката за плодност во Илиноис. Таму, тие започнале ин витро оплодување со д-р Каплан, пренесува Денес.

Но, дури и по 476 инјекции, биле прекинати осум трансфери на ИВФ на замрзнатиот ембрион, два спонтани абортуси и ектопична бременост.

После четири години надеж, проследени со болка и разочарување, тие речиси се откажале од идејата да имаат свое дете. Единствената опција што останала било да се најде сурогат, што чини повеќе од 100.000 долари.

„Знаев физички и психички дека ќе протуркам сè, но не може многу да се стори ако немате пари и мислам дека тоа ме исплаши“, изјавила Бреана.

И тогаш се појавила надежта во форма на несебичен подарок од мајката на Бреана, која се понудила да биде сурогат на нејзината ќерка и зет. Со години Џули Ловинг беспомошно гледала како Бреана и Арон неуморно се обидуваат да започнат да градат семејство. Тогаш ѝ паднало на ум „Јас можам да бидам нивниот сурогат!“

View this post on Instagram

⁣⁣ 𝟑𝟑 𝐰𝐞𝐞𝐤𝐬 𝐚𝐧𝐝 𝐛𝐚𝐛𝐲 𝐢𝐬 𝐭𝐡𝐞 𝐬𝐢𝐳𝐞 𝐨𝐟 𝐚 𝐏𝐈𝐍𝐄𝐀𝐏𝐏𝐋𝐄! ⁣🍍⁣ ⁣⁣ i’ve been waiting for this week! The symbol of a pineapple is the call to arms for the fertility community!⁣⁣ ⁣⁣ Some have a theory that eating pineapple around transfer time can also help with embryo implantation. Seeing ladies rocking socks, pins, shirts, and leggings in the clinic waiting room with pineapples on them was not rare to see. A symbol of hope. A symbol of “hey sis, you’re not alone”. ⁣⁣ ⁣⁣ “A pineapple has pointy defenses, but is still sweet”⁣⁣ ⁣⁣ A pineapple is a perfect symbol of hope in this community. Fighting so hard to become parents our drive is strong. It takes a tough exterior, like a pineapple, to weather all the hormones, appointments, needle sticks, procedures, heartbreak of failed cycles and loss. But through that tough exterior, inside is sweet. The love that we long to give to a child. ⁣⁣ ⁣⁣ All of our journeys may be different. Wherever you are in your family building journey (or roller-coaster), there is one thing I know for sure, we all deserve a piña colada. 🍍🍹👏🏻

A post shared by Breanna Lockwood (@ivf.surrogacy.diary) on

„Како мајка, вие би сториле сè за да му помогнете на вашето дете. Кога ќе видите дека има болка и страдање, а знаете дека можете да помогнете, ќе го сторите тоа“, рекла Џули.

Кога првпат и го предложила тоа на нејзината ќерка, таа ѝ рекла „луда си“. Но, Џули не престанала да го нуди тоа. Конечно, кога на парот му се чинело дека ги исцрпил сите можности, договориле состанок за Џули со д-р Каплан.

„Ова е многу невообичаена ситуација“, рекла д-р Каплан.

Мајката на Бреана треба да се породи на 12 ноември 2020 година и за среќа, и покрај нејзината возраст, сегашниот тек на бременоста е во најдобар ред.

„Пресреќна сум што можам да ѝ помогнам на мојата ќерка и нејзиниот сопруг да создадат семејство. Тоа е всушност сè што сакам, за да им помогнам“, објаснила 51-годишната бремена жена.

Прочитајте и...  Ембриологот Мимоза Витанова: Насочени сме кон биопсирање на ембриони за генетски испитувања

Поврзани вести

Неколку работи кои среќните парови ги прават пред спиење

Слободно време

Ова се 4-те најљубоморни знаци во Зодијакот: Дали сте меѓу нив?

Слободен Печат

ФОТО: Мадона (62) прилепена за ограда се бакнува со своето момче (26)

Слободен печат

АНКЕТА: Кого избраа британците: Кејт Мидлтон го изгуби „тронот“!

Слободен Печат

Нови обвиненија против Рон Џереми, му се заканува казна од 330 години затвор

Слободен печат

4 кујнски апарати кои многу од нас не ги чистат, а се легло на бактерии: Кои се тие?

Слободен Печат

Остави Коментар