Жена на 111 години го победи коронавирусот

илустрација/Profimedia

Дека чудата се можни, докажа жена од Чиле на возраст од 111 години, која го победи коронавирусот и со тоа стана најстариот човек на планетата што оздравел од ковид-19 без никакви посериозни последици.

Оваа жена воопшто не ни знаела дека е болна. Наместо тоа, таа им кажала на лекарите дека дошла на преглед бидејќи „сонувала дека е болна“.

Потоа ѝ бил направен тест за коронавирус, кој се покажал позитивен.

Лекарите изјавиле дека одвај покажувала знаци на болеста.

Според нив, таа имала висока температура само еднаш или двапати, но болеста не се развивала, ниту пак кашлала, туку имала само проблеми со дишењето.
Инаку, првиот случај на ковид-19 во Чиле е регистриран на 3 март, а оттогаш вкупно заболеле 77.900 лица, а починале се 806 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот