Вознемирувачки инцидент во Скопје: Жена фрлала камења кон школски двор, повредила три деца

Фото: илустрација

Три деца, ученици во основното училиште „Хасан Приштина“ во скопската населба Чаир, вчера попладне биле повредени кога непозната жена фрлала со тврди предмети кон училишниот двор, соопшти полицијата.

„На 05.10.2022 во 15:23 часот во СВР Скопје, Е.Љ. пријавил дека во двор на училиште на улица „Серава”, едно женско лице фрлило тврди предмети и повредило двајца малолетници од Скопје и еден малолетник од селото Љуботен, скопско“, велат од МВР во врска со вознемирувачкиот инцидент.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот