Желни за историски успех: Репрезентативците предводени од капитенот Пандев! (ВИДЕО)

Фото: facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Денеска најдобрите македонски фудбалери започнаа со подготовките за полуфиналниот плеј-оф натпревар за пласман на наредното Европско првенство против Косово.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски овој меч ќе го одиграат в четврток (8 октомври) со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

„Црвено-жолтите“ тренираат на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“, а помеѓу нив е и најискусниот играч, Горан Пандев.

Пандев поради позитивните случаи на ковид-19 во неговиот клуб Џенова мораше да помине низ низа неколку тестови и на сите беше негативен.

Поради позитивен тест на коронавирус ќе недостасува Елиф Елмас, а на негово место селекторот го повика Ферхан Хасани.

Хаџиевски: Треба да се „гине“ на теренот, да покажеме дека сме подобри од Косово!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот