Жељко Самарџиќ и Црвена Јабука снимија спот во 6 републики: Македонката Иларија Кирилов во главна улога, а во екипата и македонски режисер! (ВИДЕО)

јутјуб принтскрин

Долго најавуваниот дует помеѓу Жељко Самарџиќ и Црвена Јабука доби спот – “Aleje ljubavi”.

Музиката и текстот на песната се напишани од страна на Мирко Шенковски-Геронимо, а аранжманот го направи Мирослав Столица.

Овој прекрасен спот беше снимен во Скопје, но и во 5 други републики од поранешна СФРЈ. Белград, Скопје, Загреб, Јадран… сите убавини на поранешна Југославија беа прикажани во спотот на овие музички легенди.

Улога во спотот доби и прекрасната Иларија Кирилов, а во екипата позади ова дело се најде и македонскиот режисер Даниел Јовески, кој на Фејсбук напиша дека голема е честа да се работи со идолите од неговото детство и со еден од најдобрите режисери на српскиот пазар, Харис Дубица.  

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот