Жељко Обрадовиќ треба да тренира НБА екипа

Еден од добрите примери е НБА ѕвездата, Словенецот Лука Дончиќ/Фото: EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, смета дека е време некој европски тренер да стане тренер на НБА тим, а идеален избор за тоа е Жељко Обрадовиќ.
– Мислам дека сега е најопуштен, не е под стрес како ние. Има девет титули во Евролигата – вели Атаман за српскиот тренер кој си зема едногодишна пауза.

Атаман се надева дека челниците на НБА лигата но и на НБА екипите, ќе се согласат дека европската кошарка е подобра и дека треба да го повикаат најдобриот европски тренер.
– Обрадовиќ заслужува да тренира НБА екипа и можеби да им ги отвори вратите на сите успешни тренери и тие еден ден да добијат шанса за тоа. Не само кошаркарите, сега е време во НБА да заминат и европските тренери – порачува Атаман.
Жељко Обрадовиќ моментно е без ангажман откако си замина од Фенербахче со кого во 2017 година триумфира во Евролигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот