Жељко и Јована Јоксимовиќ се тестираа дали имаат корона! Денеска има стигнаа резултатите! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Српската водителка Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг популарниот музичар Жељко Јоксимовиќ, беа тестирани за корона вирус, а сега го открија и резултатите од тестирањето.

Тие присуствуваа на семејната прослава на Цеца, а по повод раѓањето на малиот Жељко, а кога се дозна дека Цеца и нејзиниот син Вељко се позитивни, Јована и Жељко направиле ЦРП тест.

Фото: Инстаграм

– Стигнаа резултатите и негативни сме и Жељко и јас, открила Јована за српски „Телеграф“.

Цеца и Вељко се заразиле на прославата, каде што присуствувала заразена личност, а која им ја пренела заразата на нив и на други гости. Меѓу гостите биле и Јована и Жељко, кои што после тестирањето, утврдено е дека немаат корона.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот