„Железниот“ Тајсон: Бев роден за тоа, сите се плашеа од мене – ми недостасува стариот Мајк! (ВИДЕО)

фото: твитер

– Ја знам уметноста на борбата, ја знам уметноста на војната. Затоа толку се плашам. Затоа, што се плашеа од мене кога бев во рингот, бидејќи ги уништував – вели Мајк.

Двократниот шампион во тешка категорија во разговор кај исто така големиот „Шугар“, Реј Ленард, зборуваше за своите промени од најстрашен борец на планетата до фокусирање на „уметноста на понизност“.

Американецот (53) призна дека се чувствува „празно“ после годините како една од најголемите спортски ѕвезди, му недостасува „оној Мајк“, каков што беше на врвот на славата. И призна дека понекогаш се чувствува како „ку*ка“.

– Ја знам уметноста на борбата, ја знам уметноста на војната. Затоа толку се плашам. Затоа, што се плашеа од мене кога бев во рингот, бидејќи ги уништував. Роден сум за тоа. Работам на тоа да бидам уметник во понизноста. Затоа плачам, бидејќи не сум повеќе таа личност и ми недостасува – вели Тајсон.

„Железниот Мајк“ е сеуште најмладиот светски шампион на сите времиња во тешка категорија, откако во 1986 година со своите 20 години и четири месеци триумфираше против Тревор Бербик.

Американецот двапати владее со светскиот бокс, но помина три години во затвор, откако во 1992. година беше осуден за силување.

По извршувањето на затворската казна, Тајсон во 1996 година ги освои титулите во ВБЦ и ВБА, но истата година загуби од Ивандер Холифилд кој една година подоцна во реваншот го гризна и му откина дел од увото.

Велемајсторот на нокдауни се повлече во 2005. година после поразот од Кевин Мекбрајд, зад него остана рекорден учинок од 50-6, и натаму е еден од најславните боксери на сите времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот