Железничка несреќа на пругата Штип-Кочани, нема повредени – Слободен печат
Хроника

Железничка несреќа на пругата Штип-Кочани, нема повредени

Во незгодата причинета е материјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Железничка несреќа се случила синоќа на пругата Штип-Кочани, при што повредени патници нема, но има материјална штетата. Според портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила меѓу патнички воз и автомобил марка „фолксваген голф”.

– Несреќата се случила во 19:55 меѓу стојалиштето кај Облешево и железничката станица Кочани помеѓу патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје-Кочани и патничко возило „фолксваген голф” со кочански регистарски ознаки, управувано од 21 годишниот А.И од село Спанчево – вели Панајотова.

Во незгодата причинета е материјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Оваа година ова е прва железничка незгода на пругата Штип-Кочани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close