Железницата ќе добие приоритет во Словенија

Фото: Profimedia

Средствата за железничката инфраструктура во Словенија годинава ќе бидат зголемени за 173 милиони евра или за 55 отсто, изјави во Народното собрание Аленка Братушек, која неделава го презеде раководството на Министерството за инфраструктура.

Министерството за инфраструктура пред една недела успешно ги достави сите осум словенечки барања до Европската комисија за средства од фондот „Поврзување на Европа“. Така Словенија лицитира за 86 милиони евра, при што прифатливите трошоци за сите инвестиции изнесуваат 119 милиони, пишува љубљанско Дело.

На овој тендер Министерството за инфраструктура побарало најголема сума на средства за отстранување на тесните грла на пругата меѓу Љубљана и Дивача, поточно 64,34 милиони евра.

Се зголемуваат и средствата за железничка инфраструктура поради завршувањето на проширувањата од претходната финансиска перспектива. „Ако сакаме да зборуваме за зелено, тогаш мора да и се даде приоритет на железницата“, изјави Аленка Братушек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот