Желбата за живот посилна од коронавирусот: Излечена старица со 111 години

Фото: Профимедиа

Чилеанка стара 111 години се излечила од коронавирусот, пренесоа денеска локалните медиуми.

Докторите кои ја лечеле кажале дека таа едвај покажувала знаци на болеста, пренесува Тасс, повикувајќи се на телевизија 24 Хорас.

Според нивните зборови, таа само еднаш или два пати имала покачена температура, но болеста кај нејзе не се развила, ниту кашлала, само имала проблеми со дишењето.

Во Чиле на 3 март бил забележан прв случај на Ковид-19, а од тогаш заболеле 77.900 лица, а починале 806.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот