Желбата на Елмас е да и даде гол на Барселона

epa07889743 Genk's Ianis Hagi (L) in action against Napoli's Elijf Elmas (R) during the UEFA Europa League Group E soccer match between KRC Genk and SSC Napoli at Luminus Arena in Genk, Belgium, 02 October 2019. EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Македонскиот репрезентативец минатото лето пристигна во Наполи и Серија А.

Елиф Елмас во првата сезона како член на Наполи одигра 25 натпревари во Серија А и уште пет во Купот и со прикажаните игри покажа дека може да биде еден од носителите на играта на италијанскиот тим во иднина.

Агентот кој посредуваше при трансферот на Елмас од Фенербахче во Наполи, Џорџе Гарди, во интервју на радиото од Неапол „Кис Кис“ изјави дека е задоволен од тоа како македонскиот репрезентативец ја одигра првата сезона во Серија А.

– Никогаш не е лесно кога на млади години ќе пристигнете во Италија и ќе облечете дрес на клуб како Наполи. Да не заборавиме дека тој на дербито со Интер беше најмлад на теренот, а сепак одигра добар меч. Елиф е играч кој не чувствува притисок поради годините, дораснат е за секој предизвик. Одлично се адаптираше, имаше добар однос со Анчелоти, исто како што сега одлично соработува и со Гатузо. Тој чувствува дека Гатузо има голема довербаво него. Одлично се снајде, како тој, така и неговото семејство, а сите работи како течеа се одлични – изјави Гарди.

Иако Наполи го очекува натпреварот во последното коло од Серија А, сезоната нема да заврши тука бидејќи „наполитанците“ треба да го одиграат и реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Барселона. Токму за овој натпревар, македонскиот дијамант има голема желба.

– Елмас е полн со мотивација и сонува да ѝ даде гол на Барса, ако има таква шанса. Барселона е неверојатен тим, нема да биде лесно да се приреди изненадување, но да не заборавиме дека Наполи лани го совлада Ливерпул. Елиф верува во чудо, сонува за гол на „Камп Ноу“, максимално е мотивиран за дуелот со шпанскиот гигант. Нов договор? Управата ни даде ветување уште пред извесно време, Елиф и неговото семејство се многу сериозни во желбата да се продолжи соработката. Се надевам дека во следните денови ќе имаме нови вести на оваа тема – вели Гарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот