Желбата на Барса: Истекува клаузулата на Мартинез

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Лаутаро Мартинез има ослободителна клаузула од 111 милиони евра која денеска истекува, а тоа значи дека Барселона ќе мора да преговара.

Според „Калчомеркато“ 22-годишниот аргентински напаѓач ќе остане во редовите на Интер, а од друга страна Барселона се обидуваше во изминатите неколку месеци да го ангажира на „Камп Ноу“.

Барса се обидуваше на секаков начин да ги обезбеди услугите на играчот, една од опциите беше и потенцијална размена на играчи.

Пандемијата на коронавирус влијае врз финансиската силна на европските клубови, дури и каталонскиот гигант се бори да ја исполни својата желба.

Лаутаро досега постигна 12 голови во 27 натпревари во Серија А оваа сезона, севкупно 17 погодоци во 37 мечеви во сите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот