Ждрепка за ЛШ: Шкендија може да налета на Судува, Ференцварош…!

Шкендија веќе ги започна подготовките за новиот меѓународен настап летово, формата почнува да се темпира во Крањска Гора, а веќе се и закажани пријателски натпревари.

Шкендија е во групата на носители заедно со Лудогорец (Бугарија), Црвена Звезда (Србија), Астана (Казахстан) и АИК (Шведска).

Тетовските „црвено-црни“ се во групата 1, па според програмата на УЕФА веднаш уште на самиот старт од извлекувањето на двојки брзо ќе го дознаат противникот.

https://twitter.com/StephenODauthor/status/1140645657289666563

А една од следните пет екипи ќе биде противник на Шкендија, тие се: Судува (Литванија), Клуж (Романија), Ференцварош (Унгарија) на нашиот Стефан Спировски, Номе Калју (Естонија) и Арарат-Ерменија (Ерменија).

Сараево на македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски може да налета на Селтик, Карабах, Шериф Тираспол, Дуделанж или Слован Братислава.

Ждрепката ќе се одржи во вторник (18 јуни) со почеток од 14:30 часот во Нион, Швајцарија. Првите натпревари од првото квалификациско коло во ЛШ ќе се играат на 9/10 јули, а реванш средбите на 16/17 јули 2019 год.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот