Ждрепка за ЛЕ: Ристовски на мегдан со ПСВ Ајндховен

EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

Ференцвашот за кого настапува македонскиот репрезентативец Стефан Спировски доби незгодни противници во екипите на ЦСКА Москва, Еспањол и Лудогорец во рамките на групата Х.

Вториот македонски репрезентативец кој ќе биде дел од второто по квалитет европско клупско натпреварување, Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон се најде во групата Д каде ривали ќе му бидат ПСВ Ајдховен, Розенборг и ЛАСК Линц.

Најголеми возбудувања се очекува да има во групата Ј, кога го доби епитетот “група на смртта“ бидејќи во неа наоѓаат екипите на Рома, Борусија Менхенгладбах, Башакшехир и Волфзберг од Австрија.

Навивачите на Манчестер јунајтед може да бидат задоволни од ждрепката бидејќи “црвените ѓаволи“ ќе играат во соседството, тие се носители во групата Г, каде се уште и Партизан, Астана и Аз Алкмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот