Жбогар: Законот за Уставен суд би решил многу проблеми

Фото: МИА

Шефот на делегацијата на Европската унија во Скопје Самуел Жбогар, денеска беше во работна посета кај претседателот на Уставниот суд на нашата држава, Сали Мурати.

Како што изјави по средбата амбасадорот Жбогар, му честитал за новата позиција, по што имале плодна дискусија за начинот на кој функционира Уставниот суд, прашањата и предизвиците со кои се соочува, како што се недостигот на човечки капацитети, лимитиран буџет, како и алатки за процедури кои би им помогнале во нивната работа.

– Претседателот на судот ми го презентираше Предлог-законот за Уставниот суд слично како другите закони за уставните судови во регионот. Изгледа дека таквиот закон би решил многу проблеми и би го подобрил функционирањето на Уставниот суд во земјата – изјави Жбогар.

Тој изрази надеж дека во иднина политичките партии и политичарите во државата ќе го најдат решението за да му овозможат на Уставниот суд подобро да функционира.

Претседателот на Устравниот суд Мурати изјави дека со амбасадорот Жбогар разговарале за иднината на Уставниот суд и најави дека ќе продолжи дијалогот со ЕУ и со други меѓународни организации.

Тој на прашање од новинарите за Предлог – законот за Уставниот суд, информираше дека има нацрт -закон за Уставниот суд и оти им недостасува таа алатка на која, како што рече, работат, а законодавецот доколку има приближување за оваа проблематика, ќе се регулира оваа работа со Уставниот закон како што има во опкружувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот