Жбогар заигра на „Македонско девојче” на Денот на независноста: „Не можев да одолеам“ – Слободен печат
ВестиМакедонија

Жбогар заигра на „Македонско девојче” на Денот на независноста: „Не можев да одолеам“

Ретко имаме прилика да го гледаме евроамбасадорот во вакво опуштено издание

Евроамбасадорот Самуел Жбогар беше еден од гостите денеска на прославата на 8 Септември – Денот на независноста, која под мотото „Боите на независноста” се одржа на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Тој присустуваше на целата свеченост заедно со министри од Владата, амбасадори, градоначалници, пратеници, граѓани, а во еден момент кога се слушна песната „Македонско девојче”, евроамбасадорот се фати на оро.

Тој објави и твит во кој вели дека не можел да оддолее, а да не се фати на орото. „Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна „Македонско девојче”, твитна евроамбасадорот Жбогар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close