Жбогар: Република Северна Македонија е на вистинскиот пат во евроинтегративните процеси

Амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар денеска од Охрид оцени дека Република Северна Македонија е на вистинскиот пат кога станува збор за нејзините евроинтегративни аспирации.

– Кога ќе се застане и ќе се види што се е сторено изминатите месеци или години, се гледа напредок. Знаеме дека граѓаните гледаат критички на процесите, дека очекуваат повеќе. Но сепак, многу е направено, не само во подобрувањето на односите со соседите, туку и во оферата на реформите. Тоа ќе биде признаено во извештајот што ќе биде објавен в среда, рече Жбогар.

Што се однесува на резултатите од спроведените парламентарни избори во рамки на ЕУ, Жбогар нагласи дека има зголемена поддршка за евроконзервативците, но оти се уште проевропските партии имаат цврсто мнозинство во Европарламентот.

– Евроскептичките партии на изборите за новиот состав на Европарламентот навистина бележат зголемена поддршката кај гласачите во Европа, но помалку отколку што беа стравувањата. Главните проевропски партии, оние што се уште веруваат во идно натамошно зајакнување на ЕУ, се уште имаат силно мнозинство во Европарламентот што е охрабрувачки. Ќе треба да почекаме да се формира новото европско раководство, така што за очекување е да се гледа оптимистички кон идните процеси, рече тој.

Во врска со тоа колку таквите резултати ќе влијаат врз аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Унијата тој истакна дека е на државата да ги исполнува критериумите за членство, а оти тоа е процес што се реализира чекор по чекор.

– Оваа недела ќе го објавиме Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија, за кој верувам дека ќе биде многу позитивен и поддржувачки. На државите-членки е да решат дали земјата ќе отпочне преговори за членство. Европарламентот нема решавачка улога во тој процес, појасни Жбогар.

Евроамбасадорот Жбогар денеска престојуваше во Охрид каде го објави почетокот на новата кампања под брендот „ЕУ за ТЕБЕ”, насочена кон активности за подигнување на свеста на граѓаните и институциите за неопходноста од заштитата на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот