Жбогар: „Рекет” покажува дека Обвинителството се бори против корупцијата

Се трудам да го гледам случајот „Рекет” од позитивен аспект и сметам дека тој покажува оти Јавното обвинителство се бори против корупцијата, изјави денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар.

Амбасадорот Жбогар нагласи дека е видливо оти во земјава се поставува судска пракса за борба против корупција на високо ниво и во таа смисла изрази поддршка на Јавното обвинителство со цел да биде поангажирано и да работи на вакви случаи.

– Во државата нема причини за политичка криза, институциите функционираат, Јавното обвинителство е функционално, а функционира и Специјалното јавно обвинителство. Точно е дека специјалната јавна обвинителка Јанева поднесе оставка и тоа го имаме предвид и свесни сме за тоа, но СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември. Дотогаш има доволно време политичките лидери да размислат на кој начин ќе продолжи работата на СЈО. а една од можностите е тоа да биде интегрирано во рамки на општото јавно Обвинителство и има време тоа се реши, порача амбасадорот  Жбогар од општина Новаци каде денеска престојува во работна посета и на увид на проектите кои ги реализира тамошната локална самоуправа.

На прес-конференцијата во Општина Новаци, Жбогар појасни дека знае за многу шпекулации во однос на оставката на Јанева.

Сепак, според него, факт е дека СЈО беше многу корисно и важно во својата работа и случаите што ги покрена, таму е концентрирана голема експертиза и знаење и сметам дека тоа знаење и понатаму треба да се користи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот