Жбогар: Нема веќе враќање назад, сега сте во возот за преговарање и тој ја напушти станицата

Земјите членки конечно се согласија за почеток на преговори со Северна Македонија. Ова не е само уште една одлука на ЕУ, ова е одлука за почеток на преговорите за пристапување. Нема повеќе дополнителни услови и затоа сакам да им честитам на граѓаните на земјата за нивното трпение, решителност и посветеност кон европската идеја, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за МИА.

Очекува до јуни Европската комисија, која ќе преговара со нас во името на сите земји членки на ЕУ, да подготви предлог преговарачката рамка, во која ќе биде вклучена новата методологија.

– Потоа земјите членки треба да го разгледаат и усвојат документот. Откако тоа ќе биде направено ќе се закаже првата меѓувладина седница, која го означува почетокот на процесот на преговарање. Но да повторам уште еднаш, земјите членки донесоа одлука да отворање на преговори. Нема враќање назад, тоа значи дека сега сте во возот за преговарање и тој ја напушти станицата – нагласува Жбогар.

Прочитајте и...  По три недели стагнација, во Кочани регистриран нов случај на коронавирус

Брзината на преговорите, според Жбогар, зависи од тоа колку брзо земјата ќе ги исполнува потребните услов и реформи, за што е потребна соработка од сите политички чинители.

– Мојот совет е да не се гледа на преговорите како на исполнување задачи што треба да ве однесат во ЕУ. Процесот на преговарање е инструмент што треба да ја донесе ЕУ во вашата земја, да донесе вистинска промена на општеството и земјата и со тоа да ги исполни потребите на граѓаните. Патот (преговорите) е подеднакво важен како и крајната дестинација (членството) – оценува Жбогар.

За тоа како да се справиме со одливот на млади од земјата, за потенцијалниот камен на сопнување во реформскиот процес, но и справувањето со заедничкиот предизвик на панедмијата на Ковид-19, што е вистински тест за „солидарноста“ на Европа ќе читате во целосното интервју со Жбогар што ќе биде објавено утре.

Прочитајте и...  САД распишаа награда од три милиони долари за апсење на пропагандистот на ИД

Прочитај повеќе

Бран апсења во Хрватска: Паднаа шефот на „Шуми“, функционери од ХДЗ и бизнисмени

Слободен печат

Врховен сè уште нема донесено одлука за одењето во затвор на Јанкулоска

Слободен печат

Алијансата на Албанците ја повикува Антикорупциска да реагира на недоличното однесување на функционерите на ДУИ

Слободен печат

Изнемоштен коњ паднат среде улица, сопствениците го удираат и влечат за да стане! (ВИДЕО)

Слободен печат

Најголем квартален пад на француската економија од 1968 година, од 5,3 отсто

Слободен печат

Пад на италијанскиот БДП и до 13 отсто

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пендаровски разговараше со Папата Франциск за солидарноста која е клучен елемент за заедничката борба против пандемијата

Слободен печат

Меланија Трамп ги коментираше протестите во САД

Слободен печат

ОТА ги отфрла како невистинити тврдењата на министерот Чулев

Слободен печат

Од ова коцкање со изборите – полошо здравје!

Слободен печат

Чулев: Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, нека бараат одговорност од Директорот на БЈБ

Слободен печат

Таткото на Моника пријавил дека бил нападнат од својата ќерка, таа вели дека сам се удирал во ѕид

Слободен печат