Жбoгaр: Интернетот стана начин на живот, но тоа само по себе носи ширење лажни вести

Демократските општества денес се на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести. Оттука најголемиот предизвик за општествата е како да се справат со злоупотребите, без притоа да ја загрозат слободата на изразување. Поради тоа медиумската пименост треба да биде дел од наставниот процес но и активност на целото општество.

Ова се заклучоците на дводневната конференција „Денови на медиумска писменост 2019″ што се одржува во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

На конференцијата беа претставени најновите наоди од истражувањето за аспекти на медиумската писменост кај популацијата во државата, кои покажуваат дека паметните уреди се во постојан пораст во домаќинствата, од кои најбројни се паметните телефони 83 проценти, потоа компјутерите, а веќе 62 отсто од домаќинствата веќе имаат паметен телевизор. При тоа поголем дел од популацијата, особено помладата, се информираат за разни содржини од социјалните медиуми.

Во однос на информациите што ги добиваат од медиумите, и дали домашните медиуми различно информираат за еден ист настан, 68 отсто сметаат дека тоа се телевизиите, 57,7 отсто ги посочиле информативните портали, 34,7 проценти дневните весници, 34,3 радио станиците, и 28,3 неделните списанија.

Во врска со „негативните” содржини на социјалните мрежи, 50 отсто ги навеле навредите, омаловажувањата и заканите врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет. Потоа 43 отсто одговориле дека забележале дека ги демнат луѓе он лајн, како и луѓе кои лажно се претставуваат, 58 отсто одговориле дека тоа е навредување, омаловажување и закани врз етничка или верска основа. Ист толкав процент сметаат дека тоа се навреди, омаловажувања и закани врз политичка основа, додека 61 отсто сметаат дека се конструирани лажни информации што намерно ги шират групи и поединци заради политички и други цели.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, во обраќањето на конференцијата, рече дека демократските општества денес се на удар од злоупотреба на податоци и лажни вести.

– Интернетот стана начин на живеење за сите нас, комуникацијата стана брза и тоа го направи глобалното село уште помало. Тоа носи големи бенефиции, но и големи предизвици. Новите технологии ни овозможија сите информации да ни бидат на дофат, но тоа направи и превртување на фактите и ширење лажни вести користејќи ботови и ширејќи омраза, и сето тоа ја направи демократијата покршлива- рече Жбогар.

Оцени дека најголемиот предизвик за демократските општества е како да се справат со злоупотребите, без да ги загрозат бенефитите и без да ја нарушат слободата на изразување.

– Младите генерации особено треба да научат како да ги препознаат дезинформациите, лажните факти, зад некое известување. Исто така тие треба да знаат и да учествуваат во дебати почитувајќи ги различните мислења, дебатирајќи, во исто време почитувајчи ја проиватноста и дигнитетот на соговорникот- рече Жбогар.

Евроамбасадорот подвлече дека медиумската пименост треба да биде дел од наставниот процес но и активност на целото општество и оти ЕУ ги поддржува активностите организирани од Македонскиот инстотут за медиуми, Школата за новинрство и односи со јавност, Институтот за комуникавциски студии, метамориозис, Младинскиот образовен форум и други.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која рече дека граѓаните се изложени на големи влијанија на информации.

– Зголемувањето на бројот на медиумите и технологиите го зголемува простапот до ризични извори на информации, што доведува до пристап до различни извори на информации и го зголемуа ризикот за лажни вести. Ваквите трендови претставуваат и закана за медиумската слобода- рече Која.

Изрази уверување дека информирани и медиумски писмени граѓани ќе бидат отпорни на лажните вести и тие ги препознаваат работите знаат како да ги препознаат изворите на информации.

Од презентираното истражување произлегуваат препораки дека за медиумска писменост е потребно интегрирано развивање на дигиталните и медиумските компетемнции, критичко размислување, како и да се развиваат програми за доживотно учење за повозразни групи или други сегменти на популацијата, со цел да се намали „дигиталниот јаз”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот