Жбогар го поздрави донесувањето на реформските закони од областа на безбедноста

Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, на социјалните мрежи го поздрави донесувањето на реформските закони кои се однесуваат за безбедноста.

-Го поздравувам усвојувањето на реформските закони од областа на разузнавањето и безбедноста во Парламентот. Конструктивниот дијалог резултираше со напредок во една од клучните областа на владеење на правото. Очекувам ефективна имплементација на реформите. Целото внимание треба да се фокусира на законот за јавно обвинителство и специјалното јавно обвинителство. Нема време за губење, твитна амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар.

Донесувањето на законите од безбедносната сфера го поздрави и Амбасадата на САД во земјава.

-Реформата на безбедносниот сектор во Северна Македонија е клучна обврска во процесот на зачленувањето на земјата во НАТО. Му честитаме на Парламентот за заедничките напори во усвојувањето на овие важни закони, се наведува во изјавата за МИА од Американската амбасада.

Пратениците на денешната собраниска седница со двотретинско мнозинство ги изгласаа реформските закони од сферата на безбедноста кои се значајни за земјава на патот кон ЕУ и НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот