Жбогар: Главниот фокус треба да се стави на наоѓање на решение за законот за ЈО

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска упати апел до политичките партии да продолжат со напорите за да се најде консензус за законот за јавното обвинителство.

Во изјавата дадена во Вевчани, евроамбасадорот порачува дека фокусот мора да биде ставен на тоа да се најде решение и да се врати довербата кај граѓаните и оти во моментот тоа е многу поважно отколку датумот за отпочнување на преговори.

– Сега засега не е најдено решение. Не е постигната согласност. Но, ние и понатаму ќе работиме на тоа повторно да видиме што ќе се случи со предметите поврзани со поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Решението се уште не е постигнато, но треба да го постигнеме, да го најдеме тоа решение. Упатуваме апел до двете политички партии да продолжат со нивните напори да се обидат да најдат консензус во врска со ова прашање – истакнува Жбогар.

Ако се реставрира таа доверба, вели Жбогар, сигурен сум дека и ние во ЕУ ќе ја препознаеме и ќе ја признаеме таа доверба.

Тој смета дека Јавното обвинителство може да ги преземе предметите од СЈО и оти има логика да се спојат СЈО и ОЈО.

– Мислам дека СЈО заврши една важна работа. Мислам дека во изминатите неколку години работеа на важни случаи, на давање отчет за сторени кривични дела. Веруваме дека оваа работа може да ја продолжи Јавното обвинителство така што мислиме дека има логика во тоа да се спојат СЈО со ОЈО. Колку што разбираме и двете страни се согласни со тоа – вели Жбогар, додавајќи дека заедничко е разочарувањето со развојот на настаните во државава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот