„Жан Моне“ процес: Фокус е Деловникот на Собранието, но и евроинтеграциските процеси и претстојните избори

Известувачот на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук, и европратениците Андреас Шиедер и Марион Валсман во петок и во сабота во Собранието на Република Северна Македонија ќе учествуваат на третата средба во рамки на „Жан Моне” процесот. Во фокусот е Деловникот за работа на Собранието, но и евроинтеграциските процеси на земјата и изборите што треба да се случат на 12 април.

Според информациите на МИА, тројцата европратеници заедно со претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи и други пратеници треба да разговараат за спорните прашања помеѓу власта и опозицијата, а тоа се членот 1 односно името на државата во Деловникот, како и начинот на избор на генералниот секретар на Собранието. Се очекува тие да разговараат и за евроинтеграцискиот процес на земјата и претстојните избори во април. Надвор од овие разговори што ќе се одвиваат во Собранието, Ќучук, Шиедер и Валсман ќе имаат средба со лидерите на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Алијанса на Албанците, Алтернатива и Беса, но и со евроамбасадорот Самуел Жбогар и други.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пред две недели брифираа дека, дека има и други прашања за кои тие сметаат дека се уште треба да се разговара и предупредуваат дека треба да се има предвид и фактот што Парламентот е пред распуштање, како и дека одржувањето на средбата не значи дека ќе дојде до надминување на сите спорни точки.

„Жан Моне” процесот е алатка на Европскиот парламент во областа на парламентарната медијација и поддршка на демократијата во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот